Нова фасада, изолација на кровот, нови прозорци и врати, градинката „Гоце Делчев“ во Пробиштип, ќе прерасне во енергетски ефикасен објект. Реконструкцијата ќе се прави со европски пари. Од општината велат дека план е сите општински институции и објекти да почнат да штедат енергија.

Вкупниот буџет е околу 330.000 евра. Средствата за овој проект се обезбедени преку втората компонента на ИПА програмата за меѓугранична соработка. Партнер од бугарска страна е градинката „Снежанка“ од општина Гоце Делчев. Од Министерството за Локална самоуправа се задоволни од тоа како општините ги користат средствата од оваа програма.

Целосната реконструкција на детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип треба да заврши до 2015-та година.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009