penzioneri

Од Здружението на пензионери во Пробиштип велат дека пензионерите се заинтересирани најмногу на бања да одат во бањата Кежовица во Штип, поради близината, но има интерес и за останатите бански лекувалишта, „Бања Банско“ во Струмица, Кумановска и за Катлановска бања.
– Интересот е навистина голем. Во споредба со минатата година бројот на пријавени пензионери е зголемен речиси за повеќе од половина. Пријавувањето е до 15 февруари. По овој рок ќе се состане комисијата по што ќе биде познат и списокот на пензионери, членови од нашето здружение кои ќе ги користат поволностите што и оваа година за нас пензионерите ги понуди Владата на Република Македонија, изјави Груица Манасиев, претседател на Здружението на Пензионери во Пробиштип.

Трајче Строимановски


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009