Да бидеме хумани и да пружиме рака на оние на кои им е најпотребна. Општина Пробиштип во соработка со Општинската организација на Црвен Крст – Пробиштип и Комисијата за еднакви можности составена од членови од Општинскиот совет, од утре, па се до 12 септември ја организира хуманитарната акција под мотото „Да бидеме хумани и да пружиме рака на оние на кои им е најпотребна“. Хуманитарната акција ќе се состои од собирање на финансиски средства се со цел да се помогне на децата од социјално загрозените семејства. Финансиските средства ќе бидат наменети за купување на школски прибор на учениците кои потекнуваат од семејства во социјален ризик.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009