Заврши хуманитарната акција во делење алишта, која беше организирана од страна на општина Пробиштип во соработка со Општинската организација на Црвен крст Пробиштип. Беа доделени околу 40 пакети со детска облека на социјално загрозените семејства и многудетните семејства од руралните средини Долни Стубол, Плешенци, Стрмош, Трипатанци, Бучиште, Ратавици, Добрево. Во оваа хуманитарна акција се вклучија Центарот за социјална работа и детската градинка „Гоце Делчев“, помагајќи со детски алишта собрани од хуманитарниот проект „Биди и ти Лино пријател“.

unnamed unnamed


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009