Финалистите во Купот на ОФМ во женска конкуренција, Јанта Волеј К.В. и Форца Волеј ќе имаат чест на 12 април (сабота) во Пробиштип, во 15.30 часот да го отворат финалниот ден од Купот на ОФМ.
Завршницата кај дамите ќе биде увертира за машкото финале закажано за во 17.30 часот, во кое домаќинот Пробиштип ја пречекува Струмица. Двата натпревари ќе имаат директен телевизиски пренос на првиот канал на јавниот сервис.
Одбојкарската федерација, која петта година во низа ја презема организацијата на завршницата од Купот, одлучи шансата за технички организатор на финалниот ден да му ја довери на Пробиштип.
Пробиштип беше „базата“ на сениорската репрезентација за подготовките за квалификациите за СП во 2014 година, а летово на истата локација младинскиот национален тим ќе ги пречека своите врсници на балканскиот шампионат.

(телеграф.мк)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009