The Sound Messengers го имаа еден од најдобрите настапи за ова лето и го дадоа последниот атом енергија од себе на сцената на летниот музички фестивал Probistip Summer Festival, а како изгледаше нивниот перформанс погледнете од фотографијата од дел од атмосферата таму. Овации,играње,фотографирања, пеење на сите нивни песни од почеток до крај..”Убаво е да го почувствуваш овој сјај и “feedback” од публиката така што од срце им се заблагодарувам на искреноста на публиката исто и на прекрасната организација на самиот фестивал што направија да се чувствуваме посебно..Публиката ни е најголемиот мотив за творење нови композиции”ни изјави атрактивнат пејачка Симона. Затоа наскоро ќе го претстават својот нов летен хит насловен „Endless Love“, овој пат во соработка со колегата од дуото ДНК, Дј-Панчо, како специјален гостин во песната,за кој веќе се припрема и видео запис. И покрај преполните распореди со настапи ширум Македонија, познатите музичари наоѓаат време за правење нова музика, а сите оние кои сакаат да уживаат со одличните забави на Ерик Фокс и Симона, дуото веќе нареден викенд на 1ви и 2ри Август е со настапи во Паб „Клиф оф Мохер“ во Мак.Каменица, и во клуб„Лолипоп“ во Куманово, 8ми Август кафе „Интермецо“Битола, 9ти Август Клуб „Парадизо„ Ново.с Струмица и тн.. А од фестивалите следен е „Струмица Опен Фестивал„ на 26 ти Август.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009