eko-gradinka (3)

Дечињата од Детската градинка „Гоце Делчев“ која од неодамна е добитник на највисокото еколошко признание „Зелено знаме“ од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Здружението ОХО и дел од Светската мрежа на еко-градинки која се имплементира во 55 држави од целиот свет, беа гости во Училишно контактната емисија на Македонската телевизија.

При тоа Детската градинка „Гоце Делчев“ од Пробиштип уште еднаш покажа дека заштитата на животната средина е дел од главните вредности на секојдневната воспитно-образовна работа. Понатаму се очекуваат уште многу активности како што се активностите по повод Светскиот дена на акција и Денот на планетата Земја – 22 Април, понатаму се активностите за проектот за Соларна енергија.

Со еден збор детската градинка „Гоце Делчев“ од Пробиштип е Еко Градинка во вистинска смисла на зборот и доказ како од најмали нозе се учат децата за зачувување на животната средина.

eko-gradinka (1) eko-gradinka (2)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009