Финале Куп на Македонија: ОК Пробиштип – ОК Струмица 0:3 (18:25,23:25,20:25)
спортска сала: “Софија Петровска”, гледачи: 700

Пробиштипските одбојкари достојно се простија од одбојкарската сцена оваа сезона. Во финалниот натпревар каде што гостите од Струмица беа апсолутни фаворити како за освојување на лигата така и во купот ја однесоа победата со резултат од 0:3, сепак одлично расположение и големо славје владееше во Пробиштипската екипа која ова го смета за одличен успех како за клубската историја во својата прва сезона така и општо во спортската историја на градот Пробиштип. Чиста “5-ка” за организацијата на финалните натпревари и за одличната Пробиштипска публика која ја имаше во огромен број и која покажа дека Пробиштип како град знае спортски да живее како и многу пати така и овој пат докажа дека е храм на спортот.
Во женското финале пак составот на Форца Волеј беше подобар од екипата на Јанта Волеј и го однесе трофејот со максимален резултат од 3:0.

odbojka_finale (2) odbojka_finale (3) odbojka_finale (4) odbojka_finale (5)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009