Општина Пробиштип започна со имплементација на проектот „Достоинствена старост епитет за општествено одговорна општина” во рамки на програмата Општинско корисна работа. Со проектот се опфатени вкупно 60 крајни корисници стари изнемоштени лица од урбаните и руралните средини (Добрево, Древено, Бучиште и Лесново). За помош на старите лица ангажирани се 6 невработени лица од категоријата на долгорочно невработени лица, активни баратели на работа, самохрани родители. Лицата ангажирани во проектот секој ден ќе посетуваат по две стари лица односно 10 лица неделно и ќе ги извршуваат следниве работни задачи: помош во купување намирници, набавка на лекови, придружба на старото лице по потреба да се одведе на лекар, подготовка на храна, одржување на личната хигиена во домот и слични непредвидени активности поврзани со најнеопходни дневни активности за нормален живот.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009