Четврти месец од имлементацијата на Проектот за стари и изнемоштени лица „Достоинствена старост – епитет за одговорна општина“. Денес беа посетени крајните корисници во с.Древено и с.Добрево. Дневните обврски на ангажираните лица се однесуваат на помош во купување на намирници, набавка на лекови, придружба на старото лице при потреба да се одведе на лекар, подготовка на храна, одржување на хигената во домот и сл. Со овој проект се опфатени вкупно 60 стари и изнемоштени лица од урбаните и руралните средини, а за помош на старите лица ангажирани се 6 невработени лица од категоријата на долгорочно невработени лица, активни баратели на работа, самохрани родители.

DSCF0766


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009