GIS_mapa-primer

Општина Пробиштип ја заврши првата фаза од подготовките за имплементација на проектот за Геодетски информативен систем (ГИС). Проектот ќе се реализира во соработка со останатите општини од Источниот плански регион а ќе го работи словенечката фирма Калиопа. За завршување на проектот, покрај сопствените средства  единаесете општини од  Источниот регион од Владата на Република Словенија добија и донација вредна 300.000 евра.

На проектот ќе се работи во наредните три години.

-Во оваа прва фаза општините имаа обврска до изработувачот на проектот, Калиопа, да ги достават сите достапни информации, односно официјалната документација од деталните урбанистички планови на кои е претставено уличното осветлување, електро инсталации, водоводната и канализационата мрежа.

Со изготвувањето на проектот ќе се надмине сегашниот состојба од немањето на прецизни информации и докумантација за водоводната и канализационата мрежа, проблем кој најмногу и најчесто беше присутен во делот на работењето кај ЈКП „Никола Карев“.

По три месеци ќе имаме првични информации до каде се работите на овој мошне важен проект, изјави Ирена Бошкова, шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип.

Се работи за мошне обемен и сложен проект бидејќи со него ќе бидат опфатени приклучоците до сите деловни и станбени објекти со дефинирана сопственост за секој објект посебно и тоа во секоја од 11-те општини од Регионот.

Паралелно со овој проект на општините од Источниот плански регион слична активност подготвуваат и од Републичкиот катастар.

Во општина Пробиштип велат дека придобивките од завршувањето на Подземниот катастар ке бидат повеќекратни.

– Корист од сработеното ќе имаат институциите, но и самите граѓани, бидејќи проектот ќе биде достапен и во електронска верзија. Ова значи дека ситеј заинтересирани граѓани, доколку има потреба, на интернет порталите ќе може да добијат информација дали под нивните објекти минува водоводна или канализациона мрежа, додаде госпоѓа Бошкова.

                                                                                                                                            Т.С.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009