Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески изврши увид во градежните работи на двојниот тениски терен во општина Пробиштип.
– Градежните активности на фирмата Жикол се во полн ек. Тениските терени се градат со тврда (акрилна) подлога за надворешни спортски терени со сертификат од интернационалната тениска федерација – ИТФ. Во моментов на терените се поставуваат инфраструктурните приклучоци, оградата со жичана мрежа, а се изработува и пристапна патека од бекатон плочки. Покрај тоа, терените ќе можат да се користат и во вечерните часови бидејќи ќе бидат осветлени со рефлектори, рече Спасески.
Со овие капитални објекти во спортот, Владата заокружува еден концепт на создавање здрава нација и одлична превентива за младите во борбата против пороците. Впрочем, сите инвестици во спортската инфраструктура се со единствена цел, а тоа е да се поттикнат развојот на спортот и здравите навики кај младите.

tenisko00001


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009