Во градинката “Гоце Делчев” вчера беше одржана работилница со децата, родителите и воспитувачите во соработка со МТСП и ГИЗ – Германско друштво за интернационална соработка. Реализатор на работилницата беше тимот од градинката “Детска Радост” – Скопје, кои преку креативни игри и стручни презентации придонесоа за збогатување на знаењата и вештините во работата со децата. Целна група на оваа работилница беа децата на возраст од 5-6 години, родителите и воспитувачите. Изборот на содржините во работилницата беше насочен кон поттикнување и развивање на взаемна интеракција, комуникациски и моторички вештини, индивидуален израз, креативни и творечки способности. Стручниот тим на крајот од работилницата имаше презентација на тема: “Детекција и рана интервенција на говорно – јазични нарушувања кај деца од предучилишна возраст“.

DSCF0701 DSCF0726 DSCF0735 DSCF0754


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009