Под мотото ,,Future Leaders 2014 we are stronger together,, во организација на ООУ,,Браќа Миладиновци,,-Пробиштип и амбасадата на САД во Македонија се одржа културно – спортска манифестација. На манифестацијата покрај нашите ученици гости беа и 25 кадети (машки и женски) од повеќе воени школи во САД ,кои се во Македонија на CULP на едно запознавање на земјата,соработка со АРМ и зајакнување на партнерството помеѓу САД и Македонија.
На заедничко дружење директорот на ООУ,,Браќа Миладиновци,,- Пробиштип Дејан Арсовски на учесниците на манифестацијата им посака добредојде и ги запозна со агендата на настанот, додека проф.по физчко образование Емил Спасовски на спортското игралиштето пред училиштето во с.Лесново преку спортската активност Одбојка состави измешани екипи од ученици, кадети, професори и официри кои преку играта меѓусебно се запознаа.По спортските натпревари учесниците ги видоа убавините на Лесновскиот манастир и околината.Во делот на организацијата учествуваа и родители, Весна и Зоран Петрови кои во гостилницата Лесновска Меана со своите традиционални Лесновски пити,џемови и домашен сок го доближија вкусот на храната на Македонија а учениците од училишниот оркестарот на традиционални музички иструменти направи мал концерт на кои учесниците на крајот заиграа и оро. Со оваа активности заврши ова прекрасно дружење со желба и понатаму да продолжи соработката помеѓу овие два народа.

1место турнир GE DIGITAL CAMERA GE DIGITAL CAMERA македонско оро приготвување на ручекот GE DIGITAL CAMERA


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009