Општинската установа Дом на култура „Злетовски рудар„ – Пробиштип за сите студенти кои ги подготвуваат своите испити за престојната испитна сесија им овозможи пријатни и тивки услови во своите простории. Читалната за студентите, но и за сите граѓани од општината кои имаат потреба за учење и користење на богатиот фонд од стручна литература добиен од Министерството за образование и наука на РМ, ќе работи секој работен ден од 8.00 час. до 16.00 час. Доколку се јават повеќе заитересирани и има потреба од користење на читалната и во попладневните часови, условите ќе им бидат овозможени. ОУ Дом на култура „Злетовски рудар„ – Пробиштип како и библиотеката која го збогати својот библиотечен фонд им нуди на граѓаните секаков вид на соработка и услуги од доменот на културата и образованието, се со цел подобрување на животот и зачувување на културните и образовни навики кај сите генерации.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009