Мартин Манасиевски e роден 21.03.1992 година од Пробиштип. Студент e на факултетот за “Туризам, бизнис и логистикa” при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип. Со спорт почна да се занимава од раните детски денови, најпрвин почнал да тренира фудбал, а потоа почнал да се занимава и со Бодибилдинг.

martin2

ЕВЕ ЈА НЕГОВАТА СПОРТСКА ПРИКАЗНА
Љубовта кон Бодибилдингот се јави на 15 годишна возраст и веќе 6 години активно се занимавам со тој спорт. Почнав да тренирам Бодибилдинг поради желбата за убав изглед и здрав начин на живеење.Од ден на ден љубовта кон овој спорт се повеќе и повеќе се зголемуваше и тој стана дел од мојот живот. После втората година напорни тренинзи и посветеност, јас го осетив потенцијалот на моите способности да професионално почнам да се занимавам со Бодибилдинг.
Моето прво учество на поголеми натпревари беше на 05.11.2011 година, на државниот натпревар “Атлета на Македонија” во Универзалната сала во Скопје, каде го освоив второто место во дисциплината “Бенч прес”. Oва ми беше голема мотивација уште повеќе да продолжам со напорните тренинзи и да се одадам на Бодибилдингот.

martin3

Второто учество на официален натпревар го крунисав со златен медал на Интернационалниот куп во дисциплината “Бенч прес” одржан на 30.06.2012 година, во Лесковац, Србија.Во конкуренција од 15 врвни професионални спортисти успеав да го освојам првото место.Ова за мене претставуваше голема сатисфакција бидејќи големиот труд и посветеност вродија со успех.
Учеството на натпревари стана дел од мојот живот,а тоа бараше уште по напорни тренинзи за да го зголемам мојот квалитет и успех. Мојот следен натпревар беше “Атлeта на Македонија” одржан на 26.10.2013 година во Охрид, каде го подобрив мојот пласман од претходното учество и го усвоив првото место.Овој успех ми претставуваше огромно задоволство бидејќи во конкуренција на неколку врвни натпреварувачи успеав да издвојувам победа.

Мојот најголем успех го постигнав на Балканското првенство во Врање, Србија каде во конкуренција од 12 најдобри спортисти на Балканот го освоив златниот медал и бев прогласен за апсолутен јунироски шамипон и ме наградија со златен пехар.
Во 2013 година ги докажав моите способности и во рок од 8 дена го постигнав најголемиот успех со освојувања на две први места на големи натпревари.И оваа година продолжувам со моите припреми бидејќи во почетокот на 2014 година ме очекуваат квалификации за Европско првенство во Бодибилдинг (дисциплина “Бенч прес”) кое ке се одржи во Чешка.
Бодибилдингот денес зазема голем замав и е дел од животот на многу спортисти. Бара голем труд, напорна работа, посебен режим на исхрана и посветеност на долг временски период. Сепак крајните резлултати се позитивни и неостануваат незабележани исто како и во мојот случај. Голема благодарност до Шампионот на Македонија и вице-Светски шампион во Бодибилдинг, Тоше Зафиров од кого ја црпев најголемата мотивација и кој се грижеше за моите припреми и тренинзи.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009