Пробиштипските жени се вистински дами. Надворешниот изглед не им значи многу без енергичноста која ја поседуваат. Нивната убавина е целосна ако е во склад со секој детаљ на неа. Не помало внимание посветуваат и на сопствената фризура”.

djuna

Блашка Антонова, или како што сите ја познаваат како Џуна, веќе петнаесет години ги дотерува фризурите на пробиштипските госпоѓи. По образование економски техничар, со започнататата трансформација на пробиштипското стопанство, од книговодител во некогашното Трговско претпријатие „Црни Врв“ а потоа и во издвоеното претпријатие „ВКУС“, каде како основна дејност беше производството на леб и бели пецива, госпоѓа Блашка, односно нашата Џуна, се определува и влегува во занаетчискиот занает. За својата транзициска сторија таа ќе каже:

-Во ситуација кога требаше да се одлучам каков избор да направам, да останам во веќе приватизираното претпријатие, во кое секојдневно се очекуваше веста за прогласување на технолошки вишок и напуштање од работа, или пак и самата да тргнам во потрага на работа во која самостојно ќе заработувам, мислам дека донесов правилна одлука со која ги споив заработувачката, односно егзистенцијата за опстанок на моето семејство, а во исто време одбрав и занимање кое целосно ме исполнува и ми причинува задоволство-вели Антонова.

-Изборот за изучување на фризерскиот занает го донесов уште додека бев на работа во „Вкус“, каде најголем дел од вработените беа жени. По традиција жените најмногу внимание посветуваат токму на убавината на фризурата. Јас отсекогаш сум имала средена коса.

Без разлика дали сум се одлучила за кратка или долга секогаш сум настојувала косата да ми биде средена. Во тие години во претпријатието имаше колешки кои на изгледот, а посебно на убавата фризура, обрнуваа посебно внимание. Во ташната секогаш имав чешел и ножички и им помагав во обликувањето на косата- се сеќава нашата соговорничка. Во 1995 година, останувајќи без работа, од медиумите дознава дека во Скопје се врши упис на кандидатки за изучување на фризерскиот занает и се запишува. По три месечниот курс во Пробиштип се враќа со дипломата и со проширеното познавање за одбраниот занает.

-Од март 1996 до сега сум во фризерскиот салон на улицата „Х.Т. Карпош“ мислам дека не погрешив. Секако успехот од постигнатото во изминатите години го должам најмногу на големиот круг на пријателки што го имав и кои останаа до денес мои редовни муштерии. Се чуствувам среќна кога од нив, по завршената работа, ќе слушнам дека се задоволни од направената фризура или пунџа. Пробиштипјанки имаат свои барања. Голем дел од нив во салонот влегуваат со намера да им ја средам косата, и во најголем број случаи бараат совет од мене. По размената на мислењата, во кои и тие бараат нешто ново, задоволството од средената коса кај моите муштерики е и мое задоволство. Секогаш појдовно ми е конституцијата на самата коса. Структурата на косата кај луѓето не е иста – вели Џуна – И цените на услугите во оваа дејност со години не се сменети. Почнав со цени кои во тоа време беа веќе формирани од моите постари колеги. И сега се исти. Шишање на мажи и денес е 80 денари, додека шишање на женски лица е 100 денари. За правење на фризура за посебни пригоди, или како што муштериките ја нарекуваат ,,свадбарска фризура,, чини од 500 до 700 денари, во зависност од должината на времето потребно за средување на косата. Цените не се скапи и се прифатливи. Без разлика на зборот криза, кој последниве години се почесто го слушаме, грижата за изгледот, а пред се на негувањето на косата, е се поизразена. Најдобар доказ за ова е што во градот имаме околу 30 – тина фризерски салони кои мошне солидно работат.

– Овој број на модни фризерски салони, за град како што е Пробиштип, ги задоволува потребите и на граѓаните и на нас кои сме во оваа занаетчиска услужна дејност, вели нашата соговорничка, Блашка – Џуна Антонова.

Т.С. (О.И.  бр. 19)


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009