DSC00493

Во рамки на заложбите за еднакви можности општина Пробиштип во соработка со Здравствен дом „Нада Михајлова“од Пробиштип  продолжува со акцијата за бесплатните лекарски прегледи во руралните средини. Вакви прегледи се извршија вчера во селата  Древено и Добрево. На жителите од овие места им беа извршени следните лекарски прегледи: мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и холестерол во крвта, а исто така добиваа и лекарски совети.

Овие населени места вчера беа посетени и од кандидатот за градоначалник  Тони Тоневски и претседателот на Совет Ранко Давитков каде Тоневски  се претстави со дел од проектите кои се од значење за жителите од овие населени места. На крајот од презентацијата беа поставувани прашања се даваа предлози и идеи каде за истите се даваа задоволувачки одговори. DSC00490


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009