Средното општинско училиште ,,Наум Наумовски Борче ,, – Пробиштип ја продолжува својата соработка со локалната заедница. За таа цел во понеделник на класен час во повеќе класови беа одржани работилници на следниве теми:
1. ,,Алхохолизам,, – реализирана во соработка со инспекторот за превенција Наташа А. Комленовиќ во прва година гимназиско образование.
2. ,,Здрава храна,, – реализирана во соработка со дипломиран биолог Светлана Станојковска во трета година гимназиско образование.
3.,,Превенција од сексуално преносливите болести,, – реализирана во соработка со доктор Татјана Атанасовска и Црвен крст од општина Пробиштип во втора година гимназиско образование .
Целта на ваквите работилници е зајакнување на врската ,,родител-ученик-наставник-локална заедница,, преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно – образовниот процес во средното образованието.