Базен од течно чоколадо, и згодни девојки кои танцуваат во него, е само дел од забавата Мајами џангл, која за во сабота (27 јули) ја подготвува Аква парк во Пробиштип.

Познатата фабрика за чоколадо Европа ќе го наполни чоколадниот базен, а најхрабрите кои ќе ги лизнат чоколадните девојки во базенот добиваат награди. Вонредно лајт шоу, видео визуелизации, 6 познати диџеи, атрактивни танчарки и 3 специјални музички гости кои се изненадување се на агендата на саботната забава во Аква парк во Пробиштип, која почнува од 21 часот. Традиционално како и на секоја забава во Аква парк, овозможено е ноќно капење и користење на тобоганите.

Билетите во предпродажба чинат 100 денари, а пред стартот на забавата се 150. За првите 200 гости кои ќе пристигнат во Аква парк на Мајами џангл забавата, следува слатка дегустација од Европа. За денските забави се задожени бендови, Викса и организирани се игри за најмладите.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009