Ракометарите на Рудар Пробиштип ја одиграа можеби најдобрата партија сезонава, и по пропуштената шанса за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, се вратија на победите во Првата лига, совладувајќи го Партизан Гевгелија со убедливи 36-25.
Гостите водеа само на стартот, со 0-1, потоа се беше во знакот на домашните. До крајот на полувремето направија предност со 17-15, а во вториот дел уште повеќе ја зголемија до конечните 36-25.
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Никола Спасовски со осум и Павел Стојанов со седум голови, додека кај Партизан се истакнаа Бојан Љубевскисо шест и Иван Митревски со пет голови.