Ракометарите на Рудар Пробиштип по премиерната победа во Првата лига на гости кај Вардар Делчево, забележаа уште една победа и тоа не било каква, туку над Младост Богданци со 27:28. Домашните имаа и плус 5 во вториот дел, но не издржаа и во финишот Рудар ја обезбеди победата.

Во првото полувреме Младост имаше и 14:10, а на пауза се замина со 16:14. По 22:19 на средината на второто полувреме, Рудар стигна до 22:22. До 27:27 се играше гол за гол, а гостите од Пробиштип погодија во последната минута и го однесоа целиот плен од тешкото гостување.

Тимот од Богданци откако остана без повеќе од половина тим од ланската сезона кој немаше пораз во Првата лига, во овој период ги преживува најтешките моменти од постоењето и неизвесно е како ќе се развива целата ситуација.

Гостите од Пробиштип редеа само порази, но со 4 засилувања од Металург 2, веднаш заиграа многу подобро. Кристијан Трајкоски беше стрелец на 9 голови, а Адриан Тодоров даде 8, додека кај домашниот тим се истакнаа Горан Лисичков со 8 и Ристо Узунчев со 6 погодоци.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009