Во крајно ефикасен натпревар Рудар славеше над Риниа со 40-30 во рамки на првата ракометна лига на Македонија. Домаќините од самиот старт на натпреварот наметнаа високо темпо кое гостите од Скопје го прифатија. Во таквата игра Рудар подобро се снајде и константно имаше предност од три до четири погодоци предност. На полувреме резултатот гласеше 18-13 за домашната екипа.

Второто полувреме Рудар продолжи во ист стил и од минута во минута ја зголемуваше предноста која на крајот изнесуваше десет погодоци. Најистакнат поединац во тимот на Рудар беше Павел Стојанов со 10 гола, а покрај него одличен меч одигра и Кристијан Трајковски кој осум пати се запиша во листата на стрелци.

Ова за тимот од Пробибиштип беше шеста сезонска победа, а гостите кои настапија без својот најдобар ракометар Филип Анѓелковиќ не можеа повеќе од овој резултат.

РУДАР – РИНИА     40:30 (18:13)

Сала: Софија Петровска во Пробиштип. Гледачи: 100. Судии: Иван Јовановски и Стефан Стефков од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

РУДАР: Милосов, Божиновски, Трајковски, Славевски 1, Радевски, Стојановски 1, Милевски, Стојанов 10, Тодоров 7, Спасовски 5, Младеновски, Гласенчник, Ѓоргиевски, Трајковски 8, Ампов 7, Митевски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.

РИНИА: Мемеди 2, Емини 1, Стојчевски 9, Исмаили 7, Тахири, Шулевски 8, Сејди 3.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 6 мин.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009