Весна Пробиштип и Струмица се многу блиску до меѓусебно финале во Купот на Македонија во одбојка во машка конкуренција. Ланскиот освојувач на националниот Куп, Струмица во првото полуфинале го совлада Вардар со 3-0 во сетови (25-15, 25-17, 25-19) и реваншот ќе биде само формалност.
Скоро идентичен беше резултатот во второто полуфинале меѓу Весна Пробиштип и УГД Студент од Штип. Пробиштипјани славеа победа со 3-0 во сетови (25-13, 25-10, 25-17).
Возвратните натпревари се играат следната недела, а финалниот наатпревар следниот месец.