Весна-Пробиштип и Струмица се првите екипи кои обезбедија полуфинале во одбојкарскиот Куп на Македонија, во машка конкуренција.

Со оглед на фаворитската улога на лидерот и второпласираниот од лигашката табела, немаше многу дилеми како ќе завршат нивните четвртфинални двомечи со Лешок, односно со Шутова, па за да се лишат од дополнителни трошоци, екипите решија и реваншите да ги одиграат во еден ден.

Струмица победи против Лешок двапати со 3-0, додека Шутова успеа да откине еден сет против Весна-Пробиштип, колку да одбележи дека играше на домашен терен. Првиот меч го загуби со 1-3, а потоа фаворитот убедливо го заокружи двомечот.

Весна-Пробиштип и Струмица ќе ги почекаат уште двата потенцијални противника во полуфиналето, а голема предност да стигнат дотаму имаат Вардар и УГД Штип. Вардарци на гости го совладаа „Универзитет Тетово“ со 3-1, а штипјани извлекоа максимум од домашниот меч со Борец. Реваншот во Скопје ќе се игра на 15 март, а во Велес еден ден порано, по што ќе следи недиригирана ждрепка за полуфиналето.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009