Дел од Првата Лига во претстојната сезона ќе биде и Рудар Пробиштип, па овој град по цели 26 години повторно ќе има машки ракометен тим. Тимот од Пробиштип има скромни амбиции во оваа сезона и раководството посакува што подобра игра и подобар пласман на табелата.

Играчкиот кадар е составен само од локални ракометари, а се планира да бидат донесени и еден или двајца млади ракометари од некоја од екипите во Суперлигата на позајмица. Натпреварите ќе ги играат во салата на АМС во Пробиштип, а во првото коло Рудар гостува на тимот на Партизан Гевгелија.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009