Во турско време Мурат-бег дошол со многубројна војска во манастирот со намера да го разурне и да ги погуби монасите. Кога го потпишувал ферманот под оваа иста црница, похулил на Христа и на верата Христова. Веднаш потоа целата десна страна од телото му се парализирала и му се одзел видот, а истото се случило со неговите најблиски. Но откако се покајал и побарал прошка од светителот, по молитвите на преподобниот Гаврил Лесновски, Бог му го повратил видот и го исцелил. Тогаш Мурат-бег го оставил манастирот неповреден, му подарил 50 хектари земјиште, а под крстот на централното кубе поставил полумесечина, како знак за заштита на манастирот од османлиите. Лесновската лавра во средниот век имала над 300 монаси, повеќе од 20 скита од кои некои и денес се живи, како „Свети Спиридон“ и „Источен петок – Балаклија“.

Мотиви од црницата пред Лесновскиот Манастир се вметнати во Грбот на општина Пробиштип.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009