Флората претставува драгоцено и непресушно природно богатство од многубројни лековити растенија, шумски и ливадски плодови, јадливи печурки и др.  Од големиот број растителни видови опфатени се над 50 фамилии, 150 родови и неколку стотици видови. Најбројни и од особено стопанско и биолошко значење се видовите од фамилиите:

Повеќе видови печурки  меѓу кои голем број се јадат, со доста висок квалитет како: boletus edulis – вргањ, agaricus – шампињони, cantharellus cibarius – лисичарка, lactarius deliciosa – рујница, morchella esculenta – смрчка, boletus cesarius – јајчарка, macrolepiota procere – срндач и др., но со нив може да се сретнат и отровни како отровниот вргањ или boletus satanas,  муварка или amanita muscaria, amanita panterina – зелена буковка и други кои се и смртоносни.

Декоративно присутни во шумскиот појас се повеќе видови мовови, како: marchantia polymarpha се среќава на влажни стени и папрати,  pteridium aquilinum или орлова папрат, polypodium vulgare – слатка папрат и equisetum arvense  познато како лековитото коњско опавче.

Голем број тревести, дрвенести (шумски) видови од семени растенија меѓу кои најчести се повеќе видови и родови од фамилиите: фамилија-лутичина ranunculaceoe со род: ranunculus, anemone clematis, adonis, heleborus и др; фамилија – papaveraceae, булки со род: papever, paeonia и др, фамилија urticaceae – коприви со родот urtica dioica и urtica urens,  фамилија rosaceae- рози со родот: rosa canina- шипка, fragaria vesce – дива јагода, род potentilla со повеќе видови, род rubus – капина и малина, sorbus – оскоруша, cydonia-дуња, malus -јаболка, pirus – круша, crataegus – глог, prunus – слива;. фамилија-fabaceol – пеперугоцветни, богати со протеини и погодни за сточна храна со повеќе родови и видови од кои најчести: trifolium – детелина, vicia lathyrus-graor, medicago, melilotus-komunika, phaseolus, robinia; фамилија malvaceae – слезови со родот malva i althaea; фамилија caryophylaceae-каранфили со родовите: saponaia dianthus, agrostemma; фамилија solanaceae- со родовите solanum, datura, nicotiana, atropa belladona-benedunie; фамилија lamiaceae – усноцвети со родовите, salvia – жалфија, lamium, melissa officinalis -матичина, rosmarinus mentha – нане (mentha piperita), thymus – мајчина душица; фамилија asteraceae -главоцвети со родови achillea ајдучка трева, matricaria – камилица, taraxacum – глуварче, helichrysum – смил, tussilago – подбел, cichorium; фамилија liliaceae – лилјани со родовите collchicum-мразовец, tulipa-лале, convalaria majalis-момина солза, allium.

Од дрвенестите шумски видови застапени се: quercus-даб, fagus-бука, populus-топола, salix-врба, ulmus-брест, betula-бреза, cornus-mas -дрен, pinus-бор, abies-ела, tilia-липа, cupressus-чемпрес и др.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009