Според географската поставеност, општината на запад се граничи со Овче поле, на југоисток со Кочанска котлина, а на север и североисток се потпира на Кратовските еруптивни карпи и Осоговскиот планински масив. Североисточниот и северниот дел на Злетовската област претставува ридско-планинско подрачје, исполнето со средовековни планини, во чиј состав доминираат кристалните шкрилци и вулканско – еруптивните карпи. Највисок планински врв во Злетовската област е Царев Врв (Султан Тепе), со надморска височина од 2.085 метри, а на подрачјето на општина Пробиштип е врвот Панаѓур, висок 1.669 метри. На исток – североисток и запад – југозапад, помеѓу Злетовска и Кратовска Река доминира еруптивната планинска верига во која се планините Буковец (1.424m.), Плавица (1.298m.) и Црн врв (1.115m.).

Најкарактеристични се групата на конусни ридови и ритчиња, Лесновски Чуки, кои околу селото Лесново прават заокружен простор на изгаснат вулкан, во гео-морфологијата познат под името Лесновски Кратер, кој е мошне атрактивен и привлечен за љубителите на природата.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009