На денешен ден (2 октомври) во 1994 била осветена новоизградената црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип.

Центарлната црква „Успение на Пресвета Богородица” во градот Пробиштип е седиштето на свештениците на парохиите. Оваа црква, која се наоѓа во приградската населба Калниште е понов објект.

Камен темелник за изградба на црквата е поставен на 22 мај 1983 година од Архиепископот Охридски и македонски г. г. Ангелариј, додека осветена е на 2 октомври 1994 година од Архиепископот Охридски и македонски г. г. Михаил и Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите на иконостасот се изработени од зографот Драган Ристевски од Охрид.

Во соработка на Брегалничката епархија, црквата “Успение на Пресвета Богородица“ од Пробиштип, приватни компании и општина Пробиштип во текот на 2016 година се изврши целосна реконструкција на фасадата на градската црква, се изврши реконструкција на внатрешноста на црквата, а се изгради и нова камбанарија.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009