Женска носија:

• кошула од конопно или памучно платно до петиците или под колената, со рамно кроени широко отворени ракави, украсени со вез на ракавите, предниот и долниот дел се украсени со т.н тантели, познати уште како сорки или пупки;
• манта или еклак – правоаголно платнено парче, се носело за покривање на градниот отворен дел од кошулата;
• елек – горна безракавна облека од домашна волнена ткаенина „алаџа“ во пруги, се ткае на црвена основа, долг е до под половината на долниот дел, проширен и украсен со монистра;
• пешкир – од две соединети дипли на црвена или црна основа, на краевите украсен со шари од разни бои;
• појас или ѕуница – ткаен од волнена преѓа, најчесто на црвена основа;
• каврак – вид марама од еднобојна свилена ткаенина, на рабовите украсена со рачно плетени тантели-сорки;
• чорапи – од волнена преѓа со шарки;

Машка носија:

• кошула од бело домашно памучно платно, долга до појасот, ракавите на долниот дел завршуваат со манжети, на предниот дел и ракавите се со везени елементи;
• чакшири – изработени од клашна до потколената;
• фустан – се облекувал над чакширите, долг до под колената;
•елек – горна до појасна облека од црна или црвена клашна на предниот дел украсена со гајтани;
• појас – на црна или црвена основа, со прави хоризонтални шари, долг од 3-5 метри, на краевите со реси;
• бришалка – крпа од бело платно, која се носела во летните денови за заштита од сонце при полски работи;
• капа (шубара) – црна по боја;
• опинци – изработени од свинска штавена кожа.

Народните носии биле изработувани рачно.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009