Според историско-географските извори територијата на општина Пробиштип, уште во античкиот период, била населена од илирското племе, Пеони. По освојувањето на Македонија од страна на Римјаните, тие овде создале рударски населби. Вакви траги постоеле и во византискиот период сè до населувањето на Словените кои во значителна мера ја промениле етничката основа, која се задржала до денес. За време на турското ропство во неколку села се населиле Турци, пред да се иселат во 1912 година, нивниот број бил 1580 лица.

Со донесувањето на првиот устав, кој е наречен Видовденски, во 1921 година, настанува нова поделба на општините, каде што општина Пробиштип се укинува. Подоцна повторно е формирана  по донесување на Законот за комунален систем од 1955 година, која во 1965 година, со територијалната поделба, остана како општина и се развиваше во индустриски центар на просторот на Злетовско – пробиштипското подрачје. Со претпоследната територијална поделба на општините во Република Македонија во 1996 година општината Пробиштип се трансформира во две општини и тоа општина Злетово и општина Пробиштип за да со последната територијална поделба во 2005 година, Злетово повторно се припои во општина Пробиштип. Административно и културно седиште на општината е градот Пробиштип.

Некогашната мала рударска населба од периодот помеѓу 1945 – 1950 година, преку планско поставената т.н. рударска колонија, се трансформира во урбанизирана и современа индустриска населба, со многу белези на модерна градска средина, со развиена инфраструктура и значајна стопанска и економска моќ, за да во 1976 година со одлука на општинското собрание, се трансформира во градско подрачје. Пробиштип денес е урбан и модерен, со сите обележја на убав и современ град.

Пробиштип 1979 година
Пробиштип 1979 година

Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009