Во раните утрински часови во водите на Злетовска река по Светиот крст се фрлија десетина младоженци од Злетово, од кои најсреќен беше Далибор Атанасовски, инаку злетовски зет, кој не ја криеше радоста од наоѓањето на крстот во местото викано Пешка.
Во 11 часот пак на градскиот базен пред повеќе илјадна публика во студената вода по Светиот крст се фрлија 18 наши сограѓани, а најсреќен од нив беше младоженецот Денис Пановски. Среќните пронаоѓачи на светиот крст од црквата добија по една икона, од Советот на општина Пробиштип по еден акумулатор, дар од фабриката ТАБ МАК Пробиштип, од Зегин таблет и од Градоначалникот по еден златник за спомен на овој убав ден.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009