Народните празнувања во Лесново се разликуваат од другите краеви и скоро на сите празници се излегува од селото и се оди на таканаречените оброчишта.
Секое семејство има своја куќна слава, а тоа се најубавите моменти кога се собираат роднините и пријателите покрај богата традиционална трпеза со изворна македонска музика.

Лесново е познато и по двата најголеми празници во селото кога доаѓаат гости и посетители од цела Македонија.

– Празникот Мала Богородица, кој е посветен на манастирот Св. Гаврил Лесновски и се празнува на 21 септември и празникот посветен на светецот Гаврил Лесновски, кој се слави на 28 јануари.

Црковните церемонии започнуваат во вечерните часови спроти празникот со читање на црковни молитви и литургија и се приготвуваат посни јадења.

Обичај е домаќинките уште од вечерта да печат обреден леб наречен панагија, кој го носат во црквата каде свештените лица пејат молитва за здравје на целото семејство.

На 21 Септември, верскиот празник – Рожденство на пресвета Богородица – „Мала Богородица“ во с.Лесново се одржува општонароден собор. На соборот доаѓаат луѓе од цела Македонија и на тој ден Лесново го посетуваат повеќеилјадници гости. Во манастирот се послужува манастирска чорба, а присутните можат да се освежат кај некоја од инпровизираните меани на отворено. Секако доколку сакаат можат и да заиграат на музиката на музичката група која е задолжена за добро расположение на соборот. И се така во текот на целиот ден, а посетители има од сите краеви на Македонија.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009