Православните и католичките верници го слават Христовото воскресение, најголемиот и најрадосниот празник, кој според христијанското учење ја симболизира победата на животот над смртта.

Христовото воскресение верниците го дочекаа со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење со велигденски јајца и со традиционалниот поздрав Христос воскресе – Навистина воскресе.

Празникот на Христовото воскресение – Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта , на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување и ја докажал божествената моќ.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009