Заврши асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Пробиштип Тони Тоневски, кој воедно е и актуелен градоначалник, истакна дека по изградбата на атмосферската канализација заврши и асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“, која е во централното градско подрачје.

Со овој проект е опфатено и изградба и асфалтирање на нов паркинг простор кај детската градинка.

– Овој проект е донација од Светска банка, вкупниот износ му е околу три милиони денари, кои се донација, и околу 500.000 денари кои се обезбедени од буџетот на Општина Пробиштип, рече Тоневски.

Тој истакна дека проектот за улицата „Гоце Делчев“ почна да се реализира во август, а во него беа опфатени изградба на атмосферска канализација, нови тротоарни површини и околу 2.500 метри квадратни асфалтирање на новиот паркинг-простор и на улицата.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009