Зборот успение значи – потонување во сон, заспаност, мирен крај, упокоение слично на сон. Упокојувањето на Мајка Божја, Црквата го нарекува Успение, затоа што „како да заспала на кратко и како да се окрепила од сонот.“ Прекрасен бил животот на Пречиста Дева, прекрасно е и Незиното Успение, како во песната што ја пее Светата Црква: „ Бог на вселената покажува на Тебе, Царице на чудесата што ги надминуваат законите на природата. И во Рожбата Ти го сочува девството и во гробот ти го сочува Телото од распаѓање. (Канон 1, песна 6, тропар 1). Во ликот на Пресвета Дева победени се законите на природата: Смртта го враќа телото создадено од земја. Смртта не го покосила Нејзиното Тело; раѓајќи Бог, го сочувала Своејата девственост, и во Успението останала жива. По Рождеството Христово, Таа пребива како Девица, а после смртта пребива како жива. Таа заспала за да се разбуди за живот на вечно блаженство. Му се претставила на Животот, на Изворот на Животот, та со своите молитви да ги спасува слугите Божји.

Празникот Успение на Пресвета Богородица го нарекуваме голем, затоа што на тој ден „Спасителот на сите во целата Своја Слава ја сретнал и ја населил Мајката Своја покрај Себе.“

Нека ни е честит големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица„ и „Денот на Рударите„.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009