Повеќе од десет декади одбележување на Меѓународниот ден на женските права, на борбата на жените за еднаквост и еманципација.

Меѓународниот ден на жената е поврзан со храбрите, но сепак обични жени, кои успеаја да ја сместат во историјата идејата која се провлекувала во вековите наназад, еднаквост на жените и мажите во општеството.

Почетокот на минатиот век беше време на индустријализација, но и на нови и радикални идеи. 28 февруари 1909-та година од страна на Социјалистичката партија на Америка е востановен Националниот ден на жената. Една година подоцна со средбата во Копенхаген, Денот на жената добива Интернационален карактер во чест на движењето на жените за женските права. Следната година, Меѓународниот ден на жената се прославува за прв пат во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија, а потоа започнуваат да го прославуваат и жените во останатите европски и светски земји.

Традиционално кај нас по повод празникот се купува подарок за секоја жена. А најголемиот дел од оние кои подаруваат, се одлучуваат за најскромниот и најубавиот подарок, цвеќето.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009