Во централното основно училиште во основното училиште „Браќа Миладиновци” во Пробиштип во тек е реконструкција на училишниот двор и на игралиштето, со цел околу 700 ученици кои учат во оваа деветолетка да имаат солидни услови за едукација и за реализирање на наставата по физичко образование и воспитание. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека реконструкција е согласно Програма за работа на општината за 2017 година.

– Промена и санација на оградата околу училиштето, поставување на нов асфалтен слој на игралиштето во училишниот двор, како и поставување нови реквизити, вели Тоневски.

Директорот на ООУ „Браќа Миладиновци”- Пробиштип, Дејан Арсовски вели дека оваа реконструкција ја чекале неколку години, со што ќе се решат и проблемите околу паркинг местата.
Ова е голема потреба за училиштето, затоа што повеќе децении ништо од ова не е променето. Јас се надевам дека со ова ќе бидат подобрени условите и за вработените и за учениците, рече Арсовски.
Со изградбата на новите паркинг места ќе се избегне и сообраќајната гужва која се создава, кога родителите ги чекаат своите деца од училиште. Средствата за градежните активности околу оваа пробиштипска деветолетка се обезбедени и претходно планирани во општинскиот буџет, а инвестицијата чини три милиони денари.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009