Кадидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, Тони Тоневски, придружуван од пратеникот во Собранието на Р.М., Емил Димитриев и носителот на листата за Советници од ВМРО-ДПМНЕ – Влатко Јордановски, се претстави пред пензионерите од Пробиштип со својата програма со која настапува на локалните избори во 2017 година. Тоневски пред пензионерите најпрво ги претстави реализираните проекти од изминатите години, како и идните планови и визии за општината. Тоневски нагласи дека пробиштипското пензионерско друштво е едно од најактивните во државата, кое редовно учествува на сите пензионерски настани, спортски игри, се натпреварува и секогаш се враќа со медали.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009