Над 200 домаќинки од Македонија, Србија, Бугарија и годинава во Пробиштип ги покажаа своите вештини во месење тесто. Зелници и мазници полнети со сирење, коприва, зелка, месо беа дел од богатата трпеза која денес по седми пат се постави на градскиот плоштад во Пробиштип. Како да се зачуваат старите рецепти и нивното традиционално готвење е единствената цел на оваа манифестација. Старите домаќинки велат дека зелниците полека се забораваат, а младите се поретко сакат да ги прават.

Зелникот на баба на Пробиштип му донесе над илјадници посетители од целата држава, кои со купување на парче зелник ќе потпомогнат на семејствата од социјален ризик во Пробиштип.

Покрај вкусната дегустација, денес посетителите имаа можност да видат како се сука зелник, но и како се прави на далеку прочуениот злетовски зелник под вршник.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009