Кандидатот за Градоначалник, Тони Тоневски и ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип во сабота (30.09.2017) ја отворија Канцеларијата за комуникација со граѓаните, лоцирана во центарот на градот. На отварањето присуствуваа поголем број на членови и симпатизери од политичката партија. Пред присутните се обрати кандидатот за Градоначалник Тони Тоневски кој истакна дека оваа Канцеларија е отворена за комуникација со сите граѓани кои ќе можат да ги кажуваат своите мислења и идеи. Кандидатот за градоначалник Тони Тоневски ја побара довербата од пробиштипјани.

-Во изминативе 8 години општина Пробиштип не само што се помести од една мртва точка, точка на стагнација, туку значително напредна во својот развој, изјави Тоневски.

Тој ја претстави и изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори ‎2017-2021 година за подобра општина Пробиштип во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна деловна клима, решавање на комуналните и инфраструктурните проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, култура, спорт.

Канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе биде отворена, ќе работи со зголемена динамика се со цел да се излезе во пресрет на сите граѓани.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009