Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во моментов се градат помали улички во должина од 1.100 метри.

-Покрај овие улици имаме и улици и од левата страна по течението на Злетовска река и тие ќе бидат опфатени со овој проект. Инвестицијата за реализација на овој проект ја чини општината приближно околу пет милиони денари. Се очекува за два месеци да бидат завршени сите улички во Злетово, по што ќе се префрлиме и на уште неколку улици во селото Пробиштип и во централното градско подрачје на градот Пробиштип, вели Тоневски.

Тој додава дека улиците во селото Пробиштип и во градот Пробиштип се во должина од 2.700 метри. Тендерската постапка за овие улици е целосно завршена, а се очекува овие денови градежните фирми да почнат со работа. Градоначалникот на Пробиштип, Тоневски вели дека во текот на наредните денови очекуваат да добијат и позитивен одговор од Светска банка за донација на околу 50.000 евра и тоа за претходно што имаат реализирано проекти од инфраструктурата. Овие средства ќе бидат инвестирани во реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ до градинката „Срничка“ во Пробиштип.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009