Со свеченост во хотелот „Сан Нико“ општина Пробиштип го одбележа светскиот ден на учителот. Пред просветните работници за значајот на денот зборуваше раководителот на Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип, Радослав Илиевски. Свое обраќање и честитки за денот им упати првиот човек, градоначалникот Тони Тоневски.

Неколку години по ред сите општински училишта и Детската градинка, на распишаниот интерен конкурс од страна на Општина Пробиштип избираат најистакнати наставници за изминатата учебна година. Годинава тоа признание го добија Снежанка Максимовска од ООУ „Браќа Миладиновци“, Стојна Гичева од ООУ „Никола Карев“, од СОУ „Н.Н. Борче“ Драги Станојковски и од ЈОУДГ „Гоце Делчев“ Јадранка Миладинова. Градоначалникот на сите им додели Благодарници за особен придонес во развојот на образованието, а присутните ги наградија со огромен аплауз.

Со одбележување на Денот на учителот во ваква форма општината започна пред осум години, а оваа манифестација полека но сигурно станува препознатлив белег на нашата општина зошто сме единствени во регионот, но и пошироко што на ваков начин го одбележуваме овој убав празник.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009