Најверојатно, Лесново ќе биде прогласен за првиот гео парк во Македонија. Постапката за апликација е започната, велат националните експерти за туризам.

Досега, ниту едно подрачје од Македонија нема влезено во Европската мрежа на геопаркови, а уникатното Лесново е на чекор прво да се запише таму :

Се надеваме дека ова подрачје ќе биде првиот гео парк во Македонија кој истовремено ќе биде и под закрилата на УНЕСКО, кажа Ивица Милевски, национален експерт за туризам.
Во Лесновскиот крај има сочувано траги од некогашен вулканизам, форми кои се раритет не само во Македонија, туку и на Балканот :

Самиот кратер, купите наоколу, вулканските бомби, сето тоа предизвикува воодушевување кај домашни и странски туристи кои имаат можност д авидат многу на релативно ,ал простор од околу 5 – 10 километри, појасни Милевски.
Геопарк значи простор за одржлив туризам, чија цел е сочувување на биолошките уникатности. Членството во оваа мрежа на геопаркови носи и  огромни привилегии :

Развојни фондови, инфраструктурни, уредување на подрачјето, изгардба на објекти з апрестој се само дел од можностите, истакна Милевски.
Во моментов, во Европската мрежа има 70 геопаркови од 23 држави на овој континент. На Балканскиот полуостров, геопаркови има во Грција, Словенија, Хрватска и Бугарија, а се прават напори за воспоставување и во останатите држави.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009