И годинава Лесново ќе биде местото каде што од сите страни на нашата држава ќе се слее река од народ за да го прослави големиот христијански празник Мала Богородица. На 21 Септември Лесново, односно бисерот на македонското културно богатство, Лесновскиот манастир ќе го посетат повеќе илјади посетители. Овде на надморска височина од 900 метри посетителите од цела Македонија ќе дојдат да бидат дел од овој наш голем христијански празник, да запалат свеќа и да се помолат за здравје и за себе и за семејството.

За многу години празникот!


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009