По повод 1-ви Април – Денот на шегата, во Пробиштип ќе се одржи осмиот по ред „Пробиштипски маскенбал“- 2017, под мотото „Пробиштип со маски“.

Со почеток во 17 часот, ќе започне дефилето од пред Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип, по улицата „Цветко Тонев“ и „Јаким Стојковски“ до местото на настанот – Ракометното игралиште во центарот на градот, каде ќе бидат проследени сите перформанси. Учесници на маскенбалот се учениците од општинските училишта од Пробиштип и гостински маски од повеќе општини од Република Македонија.

Утредента, на 1 Април со почеток во 11 часот на истото место ќе се одржи „Киндер маскенбалот“ на кој ќе учествуваат учениците од I – V одделение.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/domains/probistip.mk/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009