Седма година по ред општина Пробиштип во чест на денот на проелтта го одбележува со манифестацијата „Зелникот на баба“.

Манифестацијата ќе се одржи на 24 март на плоштадот во Пробиштип со почеток во 12 часот.

„Ова наше традиционално јадење, познатиот Лесновски зелник, особено карактеристично за овој крај, сакавме да го промовираме и да им дадеме можност на вредните домаќинки да ги покажат своите вештини, а на поширокото граѓанство да го вкусат овој специјалитет“, соопштуваат од општина Пробиштип.

Тие соопштуваат дека се очекува присуство од 16 општини од Македонија кои ќе бидат дел од „Зелникот на баба“.


Warning: A non-numeric value encountered in /home/probisti/public_html/wp-content/themes/probistipmktheme/includes/wp_booster/td_block.php on line 1009