недела , 26 октомври 2014
PROBISTIP.MK

Aqua Park Fest

AQUAPARKFEST

Пред официјалниот почеток на летната сезона, во Аква паркот во Пробиштип ќе се одржи најголемиот „open-air“ фестивал во Македонија.

Првото издание на фестивалот се очекува да биде посебно од повеќе аспекти. Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат несомнено водечките музички имиња кај нас, а фестивалот ќе биде домаќин и на докажани артисти од регионот и повеќе светски музички ѕвезди. Аква Парк Фест ќе се одржи на 24 и 25 мај, а за време на овие два дена, посетителите ќе можат да уживаат 24/7 во музичката програма која ќе биде презентирана на повеќе фестивалски сцени, од страна на повеќе од 30 артисти.

Во програмата се вклучени и кино проекции, театар, арт инсталации, ликовни работилници, а низ разни активности ќе понуди и прилика да научите подобро да се грижите за природата. Имено, Аква Парк Фест ќе се одржува како најзелениот фестивал посветен на општествената ангажираност за заштита на природата, кој воедно ќе ја покрене еколошката будност на своите посетители, преку едукативни програми за рециклирањето и обновливите извори на енергија, а со цел што поскоро сите да почнеме да се грижиме за животната средина.

На Аква Парк Фест, посетителите ќе можат бесплатно да уживаат и во водените атракции, базени и тобогани на Аква Паркот, а ќе биде овозможен и бесплатен интернет за сите посетители, ТВ соба каде ќе може да се следат и спортски натпревари, калкулатор за рециклиран отпад, но и награди за оние кои ќе успеаат да рециклираат најмногу отпад.

Влезниците за Аква Парк Фест наскоро ќе бидат достапни во продажба, по промотивна цена од 700 денари за фестивалска влезница и 400 денари за дневна влезница, во кои е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот и бесплатна Аква Парк влезница. Промотивните билети ќе се продаваат во ограничен број.

Scroll To Top